Свет
Никарагва усвои уставни измени со кои се забранува учество на опозицијата на избори
Парламентот на Никарагва синоќа усвои уставни измени со кои на опозициските партии им се забранува учество на избори, а мандатот на претседателот се продолжува од шест на седум години.
Измените, поддржани од претседателот Даниел Ортега и неговата сопруга и потпретседателка Росарио Мурилјо, го поминаа првото гласање во Парламентот.
Мурилјо во понеделникот најави дека измените ќе бидат ратификувани на второ гласање, процедура што треба да започне на 18 јануари следната година. Според законодавството на Никарагва, уставните измени мора да бидат одобрени на две одделни парламентарни сесии пред да стапат во сила.
Со реформата од шест на седум години се продолжува и мандатот на другите избрани функционери, како и на раководителите на армијата и полицијата.
Иницијативата претходно предизвика критики од САД и други земји во регионот.
септември 2, 2026
