Култура
Живко Поповски-Цветин им подари писмо од Мајка Тереза на поединци и институции
Писмото што пред 42 години го добил од Мајка Тереза, уметникот и хуманист Живко Поповски-Цветин по повод роденденот на светицата и хуманистка им го подари на пет македонски дејци и институции со намера да продолжат со ширење на пораката за мир, хуманост, добредетелство.
Писмото го добија шаховскиот мајстор Димитар Илиевски, поетесата Серафина Фантаузо, поранешниот директор на Спомен-куќата „Мајка Тереза“, Насер Цури, поетесата Цветанка Невчева и институцијата Град Скопје.
Исто така, симболично, сликата „35 метри Цвеќе на мирот“ по повод независноста на Македонија и роденденот на светската хуманистка, вчера го обиколи и домот на Мајка Тереза во Скопје.
-Со 18 метри, колку што години Мајка Тереза живееше во Скопје, го обиколивме нејзиниот дом во Скопје. Овие пет лица ќе продолжат да ја шират пораката што Мајка Тереза ја упати кон мене за мир, благосостојба, хуманост, изјави Цветин.
По повод 35 години независност на државата, уметникот ја промовираше и веќе издадената поштенска марка „Република Македонија – цвеќе на мирот“.
август 28, 2026
