Фудбал
Лапорта: Барселона останува со надеж дека ќе го потпише Алварез
Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, се надева дека трансферот на напаѓачот на Атлетико Мадрид, Хулијан Алварез, сепак ќе се реализира.
– Се чини дека играчот сака да се приклучи на Барселона. Ние остануваме со надеж и се држиме до нашиот план – со сето должно почитување кон Атлетико Мадрид – да се обидеме да го потпишеме. Би сакале да постигнеме договор со Атлетико, па затоа ја држиме нашата понуда до клубот отворена. Се надевам дека ќе може да се постигне меѓусебно разбирање меѓу двете страни. И повторувам, го правиме ова со најголемо почитување кон Атлетико, раководството на клубот и клубот како целина.
Дадовме сериозна понуда до Атлетико за Хулијан, играч кого нашиот тренер, Ханси Флик, навистина го сака во тимот. Оваа понуда беше потврдена за време на телефонски разговор со извршниот директор на мадридскиот клуб. Тој ми рече дека нема да го продадат бидејќи немаат замена. Му одговорив дека кога ќе се појави таква замена, ако преодниот рок е сè уште отворен, ќе бидеме подготвени да преговараме за трансфер. И тука заврши сè. Но, потоа продолживме да добиваме информации дека преговорите со други клубови се уште се во тек, изјави Лапорта за „ESPN“.
Дваесет и шестгодишниот Аргентинец има тековен договор со Атлетико до 2030 година. „Трансфермаркт“ ја проценува вредноста на играчот на 100 милиони евра.
Кон средината на јуни, Алварез ја објави својата желба да го напушти мадридскиот клуб. Според медиумските извештаи, Барселона е подготвена да понуди 130 милиони евра за аргентинскиот репрезентативец.
август 27, 2026
