Свет
Две лица загинаа во намерна сообраќајна несреќа во Кан
Француската полиција синоќа во Кан приведе 26-годишен маж откако намерно со автомобил удри во пешаци, при што две лица загинаа, а девет се повредени.
Инцидентот се случил околу 22 часот, кога возило влетало во луѓе кои чекале на трамвајска станица.
Едно лице почина на местото на инцидентот, додека втората жртва почина утрово во болница.
Приведениот возач е роден во Русија и е познат на полицијата поради сообраќајни прекршоци.
Според првичните информации, инцидентот не се смета за терористички чин.
август 27, 2026
