Фудбал
УЕФА се откажува од предлогот за недоверба против Инфантино
Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) одлучи да не покренува предлог за недоверба против претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, бидејќи за да успее, ќе бидат потребни премногу гласови, објавува „Би-би-си“.
Според британскиот сервис, УЕФА ќе продолжи да бара оставка од швајцарскиот функционер, но ќе избере поинаков пат – преку избори во март 2027 година, со еден кандидат од европските асоцијации против него. За избор на нов претседател на ФИФА, потребни се 106 гласови од можни 211.
Причината за откажување од предлогот за недоверба е техничка: ќе биде потребна поддршка од три четвртини од претставниците на асоцијациите, или 159 гласови, што се смета за нереално. УЕФА е уверена дека дури и ако Инфантино победи на изборите, неговата легитимност ќе биде доведена во прашање, а гласањето ќе биде напнато.
Конфликтот избувна откако Инфантино предложи создавање комерцијален субјект, ФИФА Форвард Ентерпрајз, и продажба на до 20 проценти од акциите на приватни инвеститори, кои би ги контролирале комерцијалните права на Светските првенства. Во јули, 55 европски асоцијации се заканија дека ќе ги бојкотираат сите натпреварувања на ФИФА. Откако планот беше повлечен и Инфантино се извини, бојкотот беше укинат.
август 27, 2026
