Connect with us

Кошарка

Пешиќ и Берокал го отворија семинарот за кошаркарски тренери во Скопје

Со стручни предавања на трофејниот српски стратег Светислав Пешиќ и актуелниот македонски селектор Хосе Мариа Берокал, како и практични демонстрации пред околу 200 македонски и странски тренери денеска во Скопје почна дводневниот едукативен семинар во организација на Македонската кошаркарска федерација (КФСМ).
Во првиот дел од денешната програма, своите знаења и искуства досега ги споделија Пешиќ и Берокал со теми посветени на дефанзивната и офанзивната транзиција.
Во попладневниот дел од програмата следуваат уште две предавања. Саша Грујиќ ќе говори за развојот на тимската игра во младинската кошарка, додека Светислав Пешиќ ќе ја заокружи денешната програма со предавање посветено на позициската одбрана.
Во текот на двата дена, учесниците ќе имаат можност непосредно да се запознаат со современите тренерски принципи и методологијата на работа што претставува исклучителна можност за стручно усовршување на македонските кошаркарски тренери