Фудбал
Артета стана петтиот тренер кој постигнал 150 победи во Премиер лигата во помалку од 250 натпревари
Тренерот на Арсенал, Микел Артета, ја постигна својата 150-та победа во англиската Премиер лига. На Шпанецот му беа потребни 249 натпревари за да ја постигне оваа бројка.
Артета синоќа го предводеше својот тим до триумф над Ковентри со 3:0.
Шпанецот стана петтиот менаџер кој постигнал 150 победи во Премиер лигата во помалку од 250 натпревари. Само Пеп Гвардиола (204 натпревари), Жозе Мурињо (231), Јирген Клоп (237) и Алекс Фергусон (247) имаат вакво достигнување побрзо од Артета.
Тој е на чело на Арсенал од декември 2019 година. Во сезоната 2025/26, лондонскиот клуб, под негово водство, го освои англиското првенство.
август 23, 2026
