Останати спортови
Извонреден резултат на македонски кајакар на ЕП – 9.то место за Гугинов
Македонскиот кајакар на диви води Благој Гугинов го освои деветтото место на Европското јуниорско првенство во Грандтули, Шкотска. Ова е еден од највредните резултати за македонски претставник на континенталниот шампионат.
Младиот македонски репрезентативец најпрво обезбеди пласман за финалната трка со одличен настап во квалификациите, а потоа во финалната трка имаше уште едно забележително возење.
Пласманот во ТОП 10 во Европа е значајно постигнување за младиот македонски кајакар, кој во Шкотска успеа да се носи со силната конкуренција. Настапот на континеталниот шампионат во силна конкуренција покажа дека и македонскиот кајакар е подготвен за високи дострели. Воедно ова беше шанса за стекнување и меѓународно искуство за следните натпревари.
август 16, 2026
