Останати спортови
Шпанија и Италија ги поделија златните медали на трките во брзо одење на ЕП во атлетика
По два златни медали за Шпанија и Италија на денешните трки во брзо одење на Европското првенство што се одржува во Бирмингем, а во женска конкуренција новите шампионки поставија и светски рекорди.
Највредниот резултат го постигна Софија Фиорини од Италија, која до златниот медал во маратонот во брзо одење стигна со време на нов светски рекорд – 3:15.11 часа, пред Катерина Ждрибело од Полска и Ракел Гонзалез од Шпанија.
Италија го има и европскиот првак во машка конкуренција. Масимо Стано маратонската должина ја мина за 2:56.49 часа со време на нов европски рекорд и најдобро постигнување светско постигнување оваа година. Тој беше осум секунди побрз од Шпанецот Мигуел Анхел Лопез, додека трет целта ја мина Орелиен Кинио од Франција.
Со време на светски рекорд 1:30.06 час победи и Шпанката Марија Перез на полумаратонската трка во брзо одење. Среброто и припадна на Александрина Михаи од Италија, а бронзата на Јудмила Олиановска од Украина.
Кај мажите на истата должина (полумаратон) победи Пол Мек Грат од Шпанија со време 1:23.23 час, пред Франческо Фортунато од Италија и Андреа Коси, исто така од Италија.
август 15, 2026
