Connect with us

Останати спортови

Доминација на Италијанката Батоклети на долгите патеки на ЕП во атлетика

Италијанската атлетичарка Надја Батоклети ја потврди одличната форма и својата доминција на долгите патеки на Европското првенство во Бирмингем откако по триумфот на 5.000 метри беше најбрза и на 10.000 метри. Таа синоќа го истрча и најдобриот нејзин резултат сезонава – 31:41.17 минути. Среброто и припадна на Маурен Костер од Холандија, а бронзата на Јана ван Лент од Белгија.

Швајцарката Одри Веро победи во трката на 800 метри со време на нов рекорд на првенствата – 1:54.81 минута, а две десеттинки послабо време постигна Британката Кели Хоџисон и го освои сребрениот медал, додека бронзата и припадна на Фемке Бродерс-Бол од Холандија.

Во третата финална дисциплина кај жените златен медал освои фаворитката Жордине ван Клинкен од Холандија, која во првата серија диското го фрли со должина од 67.67 метри што беше доволно за прво место. Шансо Крафт од Германија го освои второто место, а трета заврши Ванеса Камга од Шведска.

Карстен Вархолм од Норвешка беше најбрз во трката на 400 метри со пречки со време на нов рекорд на првенствата – 46.63 секунди. Германецот Емил Агиекум го освои второ место, а трет заврши Исмаил Незир од Турција.

Италијанецот Џанмарко Тамбери со скок од 232 сантиметри (најдобар сезонава) го освои првото место во скок во височина. Олег Дорошлук од Украина прескокна 230 сантиметри за второ место, а трет заврши Матео Сиоли од Италија со прескокнати 227 сантиметри.

Германецот Овен Ансах бронзата од „стотката“ на 200 метри ја „претопи“ во злато. Тој беше најбрз со 19.95 секунди, пред Зарнел Хјуз од Велика Британија и Фостине Десалу од Италија.