Филм
Серијата „Чудовиште“ со нова сезона на „Нетфликс“
Антологиската серија „Чудовиште“ добива четврта сезона која ќе прикаже еден од најпознатите нерешени случаи во американската криминална историја, убиствата на Ендру и Аби Борден во 1892 година. Под насловот „Чудовиште: Приказната за Лизи Борден“, серијата ќе го долови случајот на многу впечатлив и драматичен начин.
„Во август 1892 година Ендру и Аби Борден биле пронајдени мртви во нивниот дом во Фол Ривер, Масачусетс. За нивните убиства била обвинета нивната ќерка Лизи Борден, но по судењето била ослободена“, се наведува во синопсисот на серијата.
Секоја сезона нуди различна приказна, но приказната за Лизи Борден и понатаму продолжува да буди интерес кај публиката. Критиката и овојпат не е изоставена поради наводното величање на вистинските криминални случаи, особено по третата сезона посветена на Ед Гин.
Во серијата зад која стојат Рајан Марфи и Ијан Бренан, се појавуваат големи актерски имиња како Ела Бити, Чарли Ханам, Ребека Хол и други.
Иако Лизи Борден правосилно била ослободена од вина, случајот останал опкружен со сомнежи, теории и бројни претпоставки. Токму поради тоа серијата може да понуди сопствена верзија на настаните, настрана од историјата.
Премиерата на серијата ќе биде на 17 септември на „Нетфликс“.
август 14, 2026
