Свет
Ослободен е вториот осомничен за нападот на Парадата на гордоста во Берлин
Ослободен е вториот осомничен кој беше приведен во врска со нападот со возило во близина на Парадата на гордоста во Берлин за време на викендот, соопшти денеска Канцеларијата на германскиот федерален обвинител.
„Продолжуваме да спроведуваме целосна истрага“, објави канцеларијата на обвинителството без дополнителни коментари.
Весникот „Шпигел“ денеска цитираше извори кои рекоа дека властите го ослободиле лицето бидејќи првичните сомневања дека тој бил патник во возилото во времето на нападот не можеле да се потврдат.
Нападот, во кој сторителот намерно го удри своето возило во насобраните лица бил извршен во саботата во паркот Тиергартен, во близина на Бранденбуршката порта.
Осомничениот возач, 21-годишниот Абдул Балут, кој има историја на екстремистичка активност, бил убиен во Берлин во неделата.
Балут, германски државјанин со либанско потекло, ѝ бил познат на полицијата пред нападот како член на исламистичката сцена во Берлин и веќе бил еднаш осуден за планирање терористички напад
јули 27, 2026
