Свет
Католичко здружение бара 13 години затвор за сопругата на шпанскиот премиер
Ултраконзервативното католичко здружение „Хасте Оир“ поднесе приватна тужба во случајот против сопругата на шпанскиот премиер, Бегоња Гомез, со која бара 13 години затвор поради тргување со влијание и проневера на јавни средства.
Со тужбата на „Хасте Оир“ се бара затворска казна од шест години и забрана за извршување на јавна функција 15 години за советничката на Гомез, Кристина Алварез, која се смета за соучесничка во присвојувањето на софтверот на Универзитетот Комплутенсе во Мадрид (УЦМ).
Исто така, „Хесте Оир“ бара премиерот Педро Санчез да биде повикан како сведок за да одговори на прашањата за користење на комплексот на претседателската палата Монкло како простор за контакти во рамките на проектот предводен од неговата сопруга.
Здружението бара да сведочи и министерот Феликс Боланос како Алварез е ангажирана на висока функција во владата.
Според Обвинителството Гомез извршила кривично дело трговија со влијание, за што бара двегодишна затворска казна, за наводно користење на нејзиниот статус како „прва дама“ за да го натера УЦМ да формира оддел, со кој таа раководеше. Таа е обвинета и за кривично дело тешка проневера, за што е осудена на три години затвор, за насочување на работата на нејзиниот јавен асистент кон приватни цели, за што, според обвинителството, тој добил повеќе од 364.000 евра приход од државниот буџет. За оваа дело обвинителството бара осумгодишна затворска казна.
јули 27, 2026
