Connect with us

Свет

Багеи: Иран не побара продолжување на разговорите со САД

Иран не побара продолжување на разговорите со САД, изјави портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаи, цитиран од британските медиуми.

Според него, Техеран не побарал продолжување на разговорите со Вашингтон за завршување на војната, додавајќи дека ситуацијата во Ормуската Теснина останува непроменета.

Багаи, исто така, нагласи дека не е во духот на иранската политика Техеран да иницира продолжување на разговорите со САД.

Тој прецизираше дека медијаторите продолжуваат да пренесуваат пораки меѓу Техеран и Вашингтон, но дека во моментов нема директни преговори меѓу двете земји.