Свет
Протести на Палма де Мајорка против масовниот туризам
Се поголем број туристички места ширум светот се залагаат за ограничување на масовниот туризам. Движењето „Помалку туризам, повеќе живот“ („Menys Turisme, Més Vida“), под слоганот „Мајорка на работ на издржливоста“ вчера протестираше поради преголемата посетеност на шпанскиот остров.
Околу 25.000 граѓани се собраа на плоштадот „Пласа де Еспања“ изразувајќи незадоволство од сè поголемиот туристички притисок врз островот. Тие носеа транспаренти „Пренатрупана Мајорка“ и „Нема повеќе капацитет“.
Движењето „Помалку туризам, повеќе живот“ трета година протестира поради преголемата посетеност на Палма де Мајорка.
Палма де Мајорка е една од најпопуларните туристички дестинации во светот.
јули 27, 2026
