Connect with us

Свет

Кина на европските санкции кон Русија одговори со контрола на извозот

Кина воведе контрола на извозот на четиринаесет компании од Европската Унија како одговор на денешните нови санкции на Европската Унија против Русија.

Кинеското Министерство за трговија соопшти дека контролата е воведена бидејќи 14 кинески компании се казнети како дел од 21-от пакет санкции кон Русија.

Според кинеското Министерство со новата мерка се штити националната безбедност и интереси.

Според новите правила, на кинеските извозници им е забрането да продаваат стоки со двојна употреба што можат да се користат и за цивилни и за воени цели на компании од ЕУ.

Кинеското Министерство за трговија посочи дека германскиот производител на оружје „Рајнметал“ е исто така на листата, заедно со компании од Италија, Франција, Полска, Холандија и други земји.