Свет
„Њујорк тајмс“: Иран го одби американскиот предлог за прекин на огнот што го достави ирачкиот премиер
Иран го одби предлогот за преки на огнот што американскиот претседател Доналд Трамп го достави преку премиерот на Ирак, Али ал Заиди, објави „Њујорк тајмс“.
– Деталите од предлогот за прекин на огнот сè уште се непознати, но иранските власти изјавија дека тоа е единствената понуда на маса и дека нивната влада не е заинтересирана за привремен договор што би го оставил нерешено прашањето за контрола на Ормуска Теснина, наведува „Њујорк тајмс“.
Ал Заиди вчера заедно со делегација од високи ирачки претставници беше во посета на Иран, откако неодамна имаше средба во Белата куќа со Трамп.
Премиерот на Ирак имаше средби со претседателот на Иран, Масуд Пезешкијан, главниот ирански преговарач и бригаден генерал Мохамад Багер Галибаф и со шефот на иранската дипломатија Абас Арагчи.
Арагчи наведе дека ал Заиди пренел своите „ставови и впечатоци“ од неговото патување во Вашингтон, но дека Иран и САД веќе имаат доволно посредници.
Проблемот не е во пренесувањето пораки. Проблемот е во ставот на САД, кој е нелогичен, алчен и бара контрола, истакна Арагчи
јули 25, 2026
