Connect with us

Свет

Разрешениот украински министер за одбрана Федоров: Нема да прифатам друга функција

Разрешениот украински министер за одбрана Михајло Федоров денеска изјави дека нема да прифати ниту една друга функција во владата, иако, како што рече, украинскиот претседател Володимир Зеленски му понудил неколку позиции.

„Ниту една друга улога не ја содржи вистинската моќ за борба против корупцијата во областа на набавките на оружје, за довршување на трансформацијата на армијата, како и за планирање и за спроведување асиметрични операции против непријателот“ – се наведува во соопштението што Федоров го достави до медиумите.

Неговото разрешување од функцијата минатата недела предизвика протести во Украина, кои се ретки од почетокот на руската инвазија во 2022 година.