Политика
Петрушевски: СДС, ДУИ и Таравари не бараат одговорност од Валбон Лимани затоа што е нивен кандидат
Кога Валбон Лимани вели дека не чувствува никаква одговорност за скандалот со водата во Гостивар, СДСМ, ДУИ и Таравари молчат, истакна на прес-конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски.
Истите оние кои секојдневно зборуваат за отчетност и бараат оставки, денес не бараат ниту извинување, ниту политичка, ниту морална одговорност од својот кандидат Валбон Лимани.
Очигледно, за СДСМ, ДУИ и Таравари одговорност постои само кога се работи за политички противници. Кога се работи за нивните кадри, тогаш следуваат молк, оправдувања и заштита.
Дали Валбон Лимани има политичка заштита од СДСМ, ДУИ и Таравари? Или за нив е поважно да го заштитат својот кандидат отколку да им објаснат на граѓаните како дојде до скандалот со водата?
Граѓаните заслужуваат одговорност, а не молк. СДСМ, ДУИ и Таравари должат одговор дали стојат зад ставот на Валбон Лимани, дека никој не треба да понесе одговорност за она што му се случи на Гостивар.
јули 22, 2026

