Скопје
Лукровски: Сите екипи на општина Карпош се на терен за санирање на штетите од невремето
Сите расположливи екипи на општина Карпош се излезени на терен, постојано добиваме дојави од граѓаните за паднати дрва, кровови од згради,…Засега нема информации за повредени лица, информира во видео обраќање градоначалникот на Карпош Сотир Лукровски.
Тој соопшти дека се направени неколку тимови на критичните места и оти ќе се дејствува секаде.
– Има јавувања од граѓани кои сакааат да помогнат. Засега апелирам граѓаните да излезат на улиците и да делуваат локално за отстранување на паднатите гранки – вели Лукровски.
Како што информира општинската прес-служба, формирана е дежурна интервентна екипа, која е постојано на терен и активно ја следи состојбата на територијата на општината, со цел навремена реакција.
– И покрај постојаното присуство на екипите на терен, сите граѓани кои ќе забележат потреба од брза интервенција можат да пријават на телефонскиот број 071/322-790 При пријавувањето, ве молиме наведете ја точната локација и краток опис на проблемот, со цел интервентните екипи да можат да реагираат што е можно побрзо и поефикасно – се наведува во објавата.



