Скопје
Невремето го откорна кровот на ООУ Наум Наумовски Борче, активиран Кризниот штаб на Гази Баба
Од невремето што го зафати Скопје откорнат е кровот на ООУ Наум Наумовски Борче, а имам информација и за голем број паднати дрва во општина Гази Баба, информира градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски во објава на Фејсбук.
Стефковски вели дека е активиран кризниот штаб на Општината и формирани се тимови за делување.
– Веднаш штом се создадат услови ќе се излезе на терен и ќе се делува – најави Стефковски.
јули 22, 2026


