Политика
ВМРО-ДПМНЕ: Одговорност има, СДС и Филипче се тие кои велеа да се поддржи сегашното раководство на Гостивар на коалицијата ДУИ, СДС, Таравари
На СДС и Филипче не им е до заштита на здравјето на граѓаните, туку како да добијат политички поен плус, затоа ја злоупотребуваат ситуацијата во Гостивар, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, кое МИА го објавува интегрално.
СДС со очајни соопштенија се обидуваат да ја искористат ситуацијата во Гостивар за дневнополитички поени, наместо да дозволат институциите да си ја вршат работата, да се произнесат и да се утврдат фактите.
Во случајот со Гостивар, надлежните институции постапуваат согласно своите законски овластувања и секоја евентуална одговорност ќе ја утврдат надлежните органи, врз основа на докази, а не врз основа на политички прес-конференции.
Локалната самоуправа има јасно дефинирани надлежности во однос на водоснабдувањето и комуналните услуги. Доколку се утврдат пропусти во работењето, тие треба да бидат предмет на одговорност, без разлика на политичката припадност.
Обидите за префрлање на вината, без завршена истрага претставуваат неодговорно политизирање на случајот од страна на СДС.
ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот дека секој што има законска или службена одговорност треба да одговара, доколку тоа го утврдат надлежните институции. Нема да дозволиме трагедии и здравствени инциденти да бидат злоупотребувани за ширење политички конструкции и неосновани обвинувања.
јули 21, 2026

