Connect with us

Политика

Манасиевски: СДСМ, Левица и ДУИ повторно покажаа дека колку полошо за Македонија, толку подобро за нив

Неподнесувањето на новиот Изборен законик уште еднаш ја потврди вистинската политика на СДС, Левица и ДУИ, а таа е колку полошо за Македонија, толку подобро за нив – рече Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, на прес-конференција што МИА ја објавува интегрално. 

Кога државата има можност да исполни уште една реформска обврска, тие избираат блокада. Ние повторно ќе бидеме предводници во регионот. Од 10 реформи ние сами сами 9. Не дојдовме до таа последната токму поради блокадата на СДС, Левица и ДУИ. Затоа што кога е потребен консензус, тие избираат конфронтација.

Со тоа, покажаа дека нивната цел не е подобар Изборен законик, ниту подобар изборен процес. Нивната единствена цел е Македонија да нема нов реформски успех, за потоа политички да профитираат од застојот што токму тие самите го создаваат.

Ова не е првпат СДС, Левица и ДУИ да постапуваат на ваков начин. Секогаш кога државниот интерес ќе се судри со нивниот партиски интерес, тие го избираат партискиот интерес, без разлика на последиците за Македонија.

Но, Македонија нема да биде заложник на нивните блокади. Реформите ќе продолжат, а државата ќе продолжи да се развива.

Ad
Ad