Политика
ВМРО-ДПМНЕ: Со ликови со криминално минато и богато полициско досие, како Зоран Трифуновски, СДС нема кредибилитет да морализира за скандалот во Гостивар
Сомнителни ликови со криминално минато, како организацискиот секретар Зоран Трифуновски се првенци во СДС.
Според јавно достапните информации, може да се види дека Трифуновски не е ново име во македонската политичка сцена, тој е поранешниот припадник на обезбедувањето на повеќе поранешни високи функционери на СДС.
Зоран Трифуновски е лице кое се гонел за обид за убиство и со богато досие за насилство и тепачки, кого ова раководство на СДС го стави на висока партиска позиција, а претходното во 2023 година го назначи за директор на МЖ Инфраструктура.
До тоа дереџе е дојден некогаш големиот Социјалдемократски сојуз, да не може да најде нови, чисти и чесни ликови, па фронтмени да му бидат лица со матно минато, па тоа да го продаваат како промени и нова енергија во партија.
И такви ликови како Трифуновски, на кои местото не им во политиката, особено во високата политика, во име на СДС морализираат за состојбата во Гостивар и бараат одговорност за скандалот.
А тие коишто треба да сносат одговорност се знае кои се. Тоа се тие што на денот на избори заеднички ја славеа победата, за што за време на изборната кампа и самиот Венко Филипче повикуваше на поддршка за кандидатот на Таравари, зошто така СДС имала сериозни шанси да биде дел од идната локална власт.
Со вакви компромитирани кадри и политики на играње на картата на кратка меморија на граѓаните, СДС нема никаков кредибилитет ниту да зборува, ниту да бара одговорност, затоа што одговорноста треба да си ја бара во сопствените редови.
И за некој сериозно да го сфаќа СДС, ќе мора да се исчисти од таквите лица со криминално и сомнително минато.
јули 21, 2026

