Филм
Мет Дејмон го прекршил семејното правило при снимањето на „Одисеја“: Не се гледавме по 3,5 недели
Мет Дејмон откри дека морал „да прекрши големо семејно правило“ при снимањето на новиот филм на Кристофер Нолан, „Одисеја“ (The Odyssey). Во новото интервју глумецот зборуваше и за напорното снимање на филмот, за коешто вели дека било едно од најисцрпувачките искуства во неговата кариера.
Американскиот глумец, кој има четири деца со сопругата Лусијана Баросо, призна дека долгото снимање било предизвикувачко и за неговото семејство. Прашан – како неговата сопруга и ќерките се справиле со неговото отсуство, актерот во емисијата „Тудеј“ (Today) раскажа за своето правило што важело со години.
– Секогаш сме се држеле до правилото за отсуство од најмногу две недели. Ова беше првпат да мораме да го прекршиме. Ме немаше по три и пол недели, па толку и бевме разделени. Тоа беше голема жртва за нив и тешко за сите нас, но сум многу горд на филмот и на нив бидејќи покажаа многу поддршка. Toa што имам вакво семејство многу ми значеше во текот на целото снимање. Тие ме поддржуваа целосно и ги сакам поради тоа, рече тој.
Мет Дејмон (55), го толкува Одисеј – кралот на Итака, кој се обидува да се врати дома по Тројанската војна. Неговата потрага по домот и сопругата Пенелопа (одглумена од Ен Хатавеј), и неговиот син Телемах (Том Холанд) – трае 10 години, а тој се соочува со бројни пречки по патот, вклучувајќи бури, киклопи, амазонки и други митски суштества. „Одисеја“ е еден од најозборуваните филмови за 2026 година.
Дејмон претрпе одредена физичка преобразба за улогата, но во друго интервју нагласува дека не сакал да посегне по екстремни методи.
– Мислам дека ќе беше опасно ако морав да се здебелам, а тоа веќе не сакам да го правам. Имам среќа што можев да го направам тоа порано во животот, изјави тој за „Пипл“ (People).
Сепак, подготовката за ликот на Одисеј барала строга дисциплина и промени во животниот стил.
– Целта беше да се постигне врвна физичка форма, а тоа бара промена на исхраната и начинот на живот. Мора да бидете многу внимателни во врска со сè што внесувате во вашето тело, вели Дејмон.
Снимањето го опишува како најтешкото и најпредизвикувачко во неговата кариера. Целиот процес, вели тој, повеќе потсетувал на експедиција отколку на класично снимање филм.
– Кога ни беше ладно и кога бевме мокри, само се свртевме и гледаме дека и на Крис (Кристофер Нолан) му е ладно и е намокрен, минувајќи низ истото што го поминувавме и ние, се присети Дејмон на соработката со режисерот.
јули 18, 2026

