Живот
Истражување: Европејците првиот стан го купуваат на 31-годишна возраст, но постојат големи разлики од земја до земја
Просечната возраст на која Европејците го купуваат својот прв стан изнесува 31,3 години, покажуваат податоците за 2025 година од извештајот „RE/MAX European Housing Trend Report“, кој опфаќа 23 земји.
Меѓутоа, разликите во зависност од државата се евидентни.
Најмлади купувачи на недвижности има во Малта, каде просекот е 28 години, по што следат Обединетото Кралство со 28,4 и Унгарија со 28,5 години.
На спротивниот крај се Швајцарија и Грција, каде што првиот дом се купува најдоцна, односно со просечна возраст од 34,7 години.
Според анализите, клучна улога во овие бројки играат културолошките норми, пазарните услови за заштита на закупците, како во Германија каде што просекот е 33,6 години, но и директната финансиска помош од родителите, која е особено изразена кај младите во Обединетото Кралство и во Луксембург.
јуни 16, 2026


