Connect with us

Свет

Шеврон предупредува дека забраната за извоз на дизел од САД би го влошил недостигот на гориво

Евентуална забрана за извоз на дизел од Соединетите Американски Држави би била неразумна и би можела дополнително да ја влоши состојбата на светскиот пазар на гориво, предупреди извршниот директор на „Шеврон“, Мајк Вирт, пишува politika.rs. Тој изјави дека ваквата забрана би отстранила дел од понудата од светскиот пазар и би ризикувала да ја влоши ситуацијата во време кога глобалните залихи се значително намалени, а енергетскиот пазар е изложен на нарушувања.

Вирт оцени дека глобалните залихи на нафта и гориво се на значително пониско ниво од порано, што го прави системот поосетлив на нови пореметувања. Тој исто така предупреди дека ограничувањето на извозот може да има негативни последици за американските сојузници, бидејќи САД во последните години беа сигурен снабдувач со енергија, а таквата мерка би можела да ја доведе во прашање довербата на партнерите. Американскиот претседател Доналд Трамп претходно разгледувал ограничување на извозот на дизел за да ја зголеми понудата на домашниот пазар и да го ублажи растот на трошоците за потрошувачите, земјоделците и транспортерите.

Сепак, Трамп се откажал од таа можност откако земјите од Групата седум (Г7) договорија координирано ослободување на резерви на нафта и нафтени деривати. Земјите од Г7, во координација со Меѓународната агенција за енергија (ИЕА), се согласија да ослободат до 100 милиони барели нафта и нафтени деривати од стратешките резерви во текот на четири месеци. ИЕА и Европската унија сè уште разговараат за деталите. Во меѓувреме, меѓународно референтната нафта „Брент“ порасна за околу 1,3 отсто, на 101,87 долари за барел, додека американската сурова нафта ВТИ достигна 89,66 долари

Ad
Ad