Култура
Заврши 29-то издание на Меѓународниот Фестивал „Денови на комедија“
Заврши 29-тото издание на Меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедија 2026“. Кумановци имаа можност да разгледаат театарски претстави и да проследат гостувања на театри од земјава и регионот. На завршницата беа доделени фестивалските награди во повеќе категории.
За најдобра претстава е прогласена „39 Степеника“ на Народно позориште Сарајево. Наградата за најдобар актер му припадна на Висар Етеми за улогата на кројачот во „Првиот господин“, додека за најдобра актерка е прогласена Александра Срчаџиева за ликот на Сандра во „Кревет за двајца“. Наградата за најдобра споредна машка улога ја добија Никица Јанковски за ликот на Симон и Давид Илиќ за ликот на Давид во претставата „Смрт на погребот“. За најдобра женска споредна улога е наградена Нина Елзесер за улогата на Луси во „Болва во уво“, додека наградата за најдобар млад актер му припадна на Марјан Наумов за ликот на Миле во истата претстава.
Во техничките и авторските категории, наградата за најдобра костимографија ја доби Андреј Георгиевски за „Секстет“, за најдобра сценографија Дуња Костиќ за „39 Степеника“, а за најдобра режија Марјан Георгиевски за претставата „Секстет“ на НУ Народен театар Битола. Наградата за најдобра актерска колективна игра му припадна на актерскиот ансамбл на претставата „Аматери“ на НУ Театар Комедија.
октомври 7, 2026
