Регион
Во Белград се запали магацин со опасни материи
Пожар избувна во магацин за опасни материи во белградската општина Барајево.
Според српските медиуми, гори магацин за средства за дезинфекција, дезинсекција и дератизација.
Министерството за внатрешни работи на Србија ги предупреди граѓаните да ги затворат прозорците и да не претсојуваат на отворено.
Општина Барајево е оддалечена 27 километри од центарот на Белград.
октомври 7, 2026
