Connect with us

Свет

Шведската полиција застрела маж за време на операција кај Кралската палата во Стокхолм

Шведската полиција ve; erva застрела и рани маж за време на операција кај Кралската палата во Стокхолм, соопштија властите.

Полицијата соопшти дека била повикана во палатата поради агресивен маж кој носел оружје што сè уште не е идентификувано.

Полициските службеници отвориле оган, погодувајќи го мажот, кој бил пренесен во болница со сериозни, но не животозагрозувачки повреди, соопшти полицијата.

Властите соопштија дека нема опасност за јавноста.

Кралската палата во центарот на Стокхолм е официјална резиденција на шведскиот крал Карл XVI Густаф и главна туристичка атракција.

Инцидентот се случил во Лејонбакен, отворена област веднаш северно од палатата. Шведскиот весник Афтонбладет јави дека околу 20 возила на итните служби биле на местото на настанот.