Свет
По случајот на чума, Кремљ ја поздрави понудата на Трамп за помош, Русија нуди експерти за зарази во САД
Русија го поздрави предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за помош по смртта на вработен во рускиот Институт за истражување на чумата, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Тој посочи дека руската Федерална служба за надзор во областа на заштитата на правата на потрошувачите и благосостојбата на луѓето („Роспотребнадзор“) целосно го следи развојот на ситуацијата и ќе обезбеди дополнителни информации штом ги добие.
Од оваа служба, денска соопштија и дека кај лицата кои биле во контакт со лабораториската работничка од Истражувачкиот институт за чума во Иркутск, Сибир, која почина минатата недела, не е откриен ниту еден случај на чума.
Според властите, 28-годишната жена починала минатиот петок од пневмонија со сè уште неутврдено потекло. Случајот предизвика меѓународна загриженост, вклучително и кај американскиот претседател Доналд Трамп, кој ситуацијата ја опиша како „голем проблем за Русија“ и понуди американска помош.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, соопшти дека Москва го поздравува предлогот на Трамп. „Секогаш е добро кога се нуди заемна помош“, изјави Песков пред новинарите, додавајќи дека руската служба за јавно здравје целосно го следи развојот на ситуацијата и ќе обезбеди дополнителни информации штом тие бидат достапни.
„Русија е подготвена на американската страна да ѝ обезбеди специјалисти, лабораториска опрема, како и средства за дијагностика и превенција“, наведоа од руската служба.
Од „Роспотребнадзор“ соопштија дека и Русија е подготвена да му помогне на Вашингтон во справувањето со појавата на заразни болести во САД, повикувајќи се на неодамнешното ширење сипаници и регистриран смртен случај од чума во Америка. „Русија е подготвена на американската страна да ѝ обезбеди специјалисти, лабораториска опрема, како и средства за дијагностика и превенција“, наведоа од руската служба.
Од „Роспотребнадзор“ нагласуваат дека во изминатите 10 дена не биле пријавени заразни болести меѓу вработените во институтот во Иркутск и дека опсежните лабораториски испитувања не откриле патогени во телото на починатата поврзани со нејзината директна работа.
Елена Софина, заменик-началник на Шелеховскиот округ во близина на Иркутск, каде што една локална болница беше ставена во превентивен карантин, изјави дека тврдењата за „опасна дијагноза“ не се потврдени. Таа додаде дека 60 отсто од околу 200-те лица кои беа изолирани како мерка на претпазливост веќе се пуштени дома.
На меѓународен план, американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави дека Москва треба да сподели повеќе информации за случајот. Портпаролот на Светската здравствена организација (СЗО), Кристијан Линдмајер, исто така соопшти дека руските власти сè уште официјално не одговориле на барањето на СЗО за детали околу смртта на работничката, но потврди: „Наводно, сите лица кои биле во контакт со пациентката се идентификувани и се под здравствен надзор, а досега кај ниту едно од нив не се појавиле симптоми на болест“.
октомври 7, 2026
