Connect with us

Свет

Холандија ќе казнува со шест месеци затвор за попречување депортација на азилантите

Барателите на азил во Холандија на кои им е одбиено барањето и кои активно ја попречуваат депортацијата наскоро би можеле да бидат осудени на затворска казна до шест месеци, според предлог-законот што денеска го презентираше холандскиот министер за азил, Барт ван ден Бринк.

Предлогот предвидува кривично гонење на лицата кои ќе одбијат да соработуваат во процесот на враќање, вклучително и оние кои даваат лажни или никакви информации за идентитет или одбиваат да преземат потребни чекори за депортација, објави „НЛ Тајмс“.

Ван ден Бринк рече дека затворската казна би била „последното средство“.

Централната агенција за прием на баратели на азил (COA) повторно предупреди на сериозен недостаток на сместување.

Бројот на луѓе кои чекаат пред центарот за регистрација во Тер Апел брзо расте, а агенцијата се соочува со сè потешкотии да најде сместување, вклучително и за жени и деца.COA изјави дека недостасуваат стотици места за прием и дека проблемот не се должи на зголемениот прилив на баратели на азил, туку на луѓето што остануваат подолго во центрите.

Според агенцијата, бавните процедури на имиграциската служба IND и недостатокот на сместување за лицата на кои им е доделен статус на бегалци придонесуваат за ова.