Connect with us

Култура

Бојан Трифуновски го режира преформансот после проекцијата на „Лефти и Рајти во МНТ

На 28. ноември во Македонскиот народен театар премиерно ќе биде прикажан краткометражниот анимиран филм за деца „Лефти и Рајти си најдоа дом“.

По проекцијата на филмот, приказната ќе продолжи во живо на сцената со театарски перформанс за деца, со дијалози, песна, танц и интеракција со публиката.

Режијата ја потпишува Бојан Трифуновски, еден од нашите најистакнати театарски режисери, со посебен сензибилитет и чувство за работа со деца.

Целата премиерна програма ќе трае околу 45 минути и е замислена како мултимедијално искуство за целото семејство, спој на филм, театар и музика.

Театарскиот перформанс е замислен како мини мјузикл за деца, во кој освен тематска песна на филмот “Ќе бидам пријател”, ќе има и песна од Калиопи која ја отстапи сепцијално за овој перформанс.