Connect with us

Свет

„Блумберг“: Институтот за борба против чумата во Иркутск и Кина имале заедничка вежба за одговор на епидемија

Повеќе од еден месец пред смртта на лаборантката Институтот за борба против чумата во Иркутск спровел заедничка вежба со Кина, фокусирана на итно реагирање при појава на заразни болести, објави „Блумберг“.

Според американскиот медиум, во тоа време руските и кинеските учесници разговарале и за методи за следење и ограничување на ширењето на болеста во пограничните региони на двете земји.

Претходно, портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Гуо Џијакун, одговарајќи на прашање дали Москва го известила Пекинг за случајот во Иркутск, наведе дека: „Кина и Русија одржуваат блиска комуникација и соработка во однос на превенцијата и контролата на заразните болести, вклучително и чумата“.

Регионот Иркутск нема директна граница со Кина, меѓу нив се наоѓа Монголија, но Иркутск е важно транспортно средиште поврзано со кинеските градови преку воздушни и железнички линии.

Засега нема официјална потврда дека Дарја Шипилова починала од белодробна чума, дека во Институтот се случила лабораториска несреќа или дека болеста се проширила меѓу населението.

Светска здравствена организација (СЗО) оцени дека ризикот од ширење на болеста надвор од Русија е многу низок.