Свет
Австралиски војник загина, петмина се повредени во инцидент за време на воена вежба
Австралиски војник загина, а уште петмина се повредени за време на воена вежба на Северната Територија на Австралија, објави денеска телевизијата „Еј-Би-Си њуз“.
Инцидентот се случил вчера на полигонот „Маунт Банди“, соопшти австралиското Министерство за одбрана во соопштение објавено на неговата веб-страница.
Засега не се соопштуваат повеќе детали за инцидентот.
„Роднините на припадниците на војската се известени. Министерството ќе обезбеди повеќе информации кога тоа ќе биде можно“, се наведува во соопштението.
октомври 7, 2026
