Connect with us

Култура

Награда за претставата „Франкенштајн“ на Меѓународниот фестивал за анимација во Романија

Претставата „Франкенштајн“ освои престижна Награда за колективна игра (Award for Ensemble Performance), на 11-тото издание на Меѓународниот фестивал за анимација „Под волшебното стапче на Мерлин“ (Sub Bagheta lui Merlin), што се одржа во Темишвар, Романија од 27 септември до 4 октомври.

Публиката и стручното жири во Темишвар имаа можност да ја погледнат изведбата на оваа длабока и визуелтно впечатлива претстава на 1 октомври, на големата сцена на Унгарскиот државен театар „Csiky Gergely“.  

-Меѓународното жири ја препозна и ја валоризира врвната уметничка синергија, прецизност и длабока емоционална ангажираност на актерскиот ансамбл, доделувајќи му го ова значајно признание кое ја потврдува високата професионалност на македонскиот театар – наведуваат од Н.У. Театар за деца и младинци – Скопје.  

Оттаму истакнуваат дека претставата „Франкенштајн“, преку својот оригинален сценски јазик и актуелна тематика, уште еднаш докажа дека уметноста не познава граници и успева длабоко да ја допре и младата и возрасната публика ширум светот.