Connect with us

Свет

Анкета на „Датафолија“: Лула со мала предност пред Болсонаро на месец пред претседателските избори во Бразил

Бразилскиот претседател Луиз Инасио Лула да Силва води со тесна разлика пред сенаторот Флавио Болсонаро пред претстојните претседателски избори во октомври, објавија британските медиуми, повикувајќи се на најновата вчера објавена анкета на агенцијата „Датафолија“.

Според податоците од анкетата, Лула води со 46 проценти поддршка кај избирачите, во споредба со 44 проценти за Флавио Болсонаро, синот на поранешниот претседател Жаир Болсонаро.

Предвидувањата се дека Лула во првиот круг од изборите ќе освои 39 проценти од гласовите, додека очекувањата се Болсонаро да има поддршка од 36 проценти од гласачите. Во однос на другите претседателски кандидати, се очекува Аугусто Кури да добие шест проценти, Роналдо Кајадо – четири проценти, Ренан Сантос – три проценти и Ромеу Зема – два процента.

Претходната анкета покажа резултати од 39 проценти за Лула, во споредба со 35 проценти за Болсонаро по првиот круг.

Според бразилскиот изборен систем, ако ниту еден кандидат не добие повеќе од 50 отсто од гласовите во првиот круг, се одржува втор круг.