Connect with us

Свет

Забрането поставување на името Доналд Трамп на „Кенеди-центарот“ во Вашингтон

Американски суд донесе одлука името на Доналд Трамп да не смее повторно да биде поставено на фасадата на Центарот за сценски уметности „Кенеди“ во Вашингтон, еден од водечките културни објекти во американската престолнина.

„Со оваа одлука му се забранува на тужениот на главната зграда да го постави натписот ‘Реновиран и реставриран од Доналд Трамп’“, се наведува во одлуката што ја донесе судијата Кристофер Купер.

„Едноставно кажано, тужениот не може да постави каква било референца кон претседателот Трамп без согласност од Конгресот на САД“, стои во диспозитивот на одлуката, донесена по итна судска постапка.