Култура
Охрид повторно во знакот на староградскиот мелос
Во големата сала на НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид в петок на 18 септември, ќе се одржат 38. Охридски староградски средби.
Во рамки на програмата ќе настапат ВИА „Распеани Стружани“ од Струга, Вокален октет од Прилеп, КУД „Нико Пуцоски – Распеани Кичевчани“ од Кичево, ДС „Лепеница“ од Крагуевац, ВИС „Орнаменти“ од Штип и КУД „Далги“ при ЗП Охрид и Дебрца.
Програмата почнува во 19 часот, а влезот е слободен.
Фестивалот „Охридски староградски средби“ е основан со цел афирмирање на вредностите на староградскиот мелос, но и зачувување на музичките посебности и песните карактеристични за градовите во Македонија, што со децении се препејувале и на тој начин се пренесувале низ генерациите.
Првпат „Охридските староградски средби“ беа одржани во 1975 година и манифестацијата традиционално се одржуваше секоја година до 1996 година. По 11-годишен прекин, манифестацијата беше обновена со цел продолжување на богатото охридско културно лето.
септември 16, 2026
