Connect with us

Свет

Холандски автобус со 48 лица се преврте во Швајцарија, има загинати и повредени

Неколку лица загинаа, а повеќе се повредени во сообраќајна несреќа со автобус во источна Швајцарија, соопшти полицијата на платформата „Икс“.

Несреќата се случи синоќа во кантонот Граубинден, на патот меѓу градовите Зуш и Цернец.

Според швајцарските медиуми, станува збор за автобус со холандски регистарски таблички во кој превезувал група од 48 лица, потврди портпаролката на Холандската асоцијација на туристичката индустрија (АНВР) за медиумскиот портал „Блик“.

– Длабоко сме натажени од она што се случи. Ова е ужасна несреќа – изјави таа.

На фотографиите од местото на несреќата се гледа автобусот превртен на страната во поле покрај патот.

На местото на несреќата интервенираат бројни екипи на итната медицинска помош, противпожарни единици и неколку спасувачки хеликоптери