Connect with us

Вести

„Безбеден град“ од сабота ќе се применува и во Велес

Системот за сообраќаен надзор „Безбеден град“ од сабота (12.9.2026) почнува со работа и на подрачјето на СВР Велес, соопшти Министерството за внатрешни работи.

По извршените технички проверки и финалните тестирања, камерите на системот ќе бидат ставени во функција на сообраќајниците на подрачјето на СВР Велес.

Со активирањето на системот ќе се овозможи засилена и континуирана сообраќајна контрола, навремено откривање на сообраќајните прекршоци, зголемување на сообраќајната дисциплина и унапредување на безбедноста на патиштата.

МВР апелира до сите возачи доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и со одговорно однесување да придонесат за поголема безбедност во сообраќајот.