Connect with us

Кошарка

Калиниќ ја заврши кариерата, станува дел од стручниот штаб на Црвена Звезда

Српскиот кошаркар Никола Калиниќ на 34.години објави крај на играчката кариера. Тој во новата сезона ќе биде дел од стручниот штаб на КК Црвена Звезда, каде и ја играше последната сезона.

„Ја завршувам кариерата, ќе бидам помошен тренер во Звезда. Поради животната ситуација сакам да бидам во Белград“, напиша кошаркарот на социјалните мрежи.

Во Црвена Звезда тој настапуваше во три наврати, а во странство играше за Фенербахче со кој во 2017 година беше и европски првак, а беше член и на Валенсија и Барселона. Како репрезентативец на Србија има сребрени медали од Олимписките игри во Рио 2016 и од Светското првенство 2014 година.

Инаку, пред неколку дена за него интерес имаше од Војводина од Нови Сад да настапува како играч во својот поранешен клуб.