Свет
Трамп за „Волстрит џурнал“: САД имаат повеќе муниција од која било друга земја
САД ја одложија големата кампања на воздушни напади против Иран, која можеше да трае до две недели, за да им дадат шанса на дипломатските напори за повторно отворање на Ормуската Теснина,поради загриженоста за американските залихи на ракетни пресретнувачи.
Кога беше прашан од „Волстрит џурнал“, американскиот претседател Доналд Трамп негира каков било недостиг на муниција.
„Имаме многу повеќе муниција од која било друга земја во светот и многу повеќе отколку што ни треба“, рече Трамп.
Меѓутоа, началникот на Здружениот штаб, генерал Ден Кејн, наводно ја предупредил Белата куќа за намалување на резервите на ракети „Патриот“ и други пресретнувачи на воздушна одбрана.
Според него, тие ограничени резерви нема да го спречат обновувањето на големите борби против Иран, туку ќе ги зголемат ризиците.
Според двајца експерти од Центарот за стратешки и меѓународни студии, од почетокот на војната се користени најмалку 1.500 пресретнувачи „Патриот“ оставајќи помалку од 1.000 единици во американскиот инвентар.
Тоа високо ниво на трошење би можело да ја намали способноста на Вашингтон да ги одврати другите противници, особено Кина, предупредија експертите.
Понатаму, весникот наведува дека неколку монархии од Заливот значително ги исцрпиле своите резерви.
Американската воздушна одбрана на Блискиот Исток не ги пресретнува систематски иранските балистички ракети и беспилотни летала за да заштеди муниција, објави во петокот американската телевизиска мрежа Ен-би-си (NBC) цитирајќи двајца високи американски претставници.
Од таму додаваат дека американската војска се воздржува од користење скапи пресретнувачи кога ќе утврди дека ракетата не ги загрозува американските сили, стратешките инсталации или регионалните сојузници, додадоа американските медиуми.
јули 27, 2026
