Connect with us

Сцена

Никол Кидман ужива во друштво на бизнисменот Мајкл Рајнштајн, во италијанскиот град Портофино

Актерката Никол Кидман повторно го привлече вниманието на јавноста откако беше видена во друштво на бизнисменот Мајкл Рајнштајн, за време на одморот во италијанскиот град Портофино.Тие биле фотографирани како заедно уживаат покрај базенот, во луксузниот хотел Белмонд Сплендидо. Фотографиите сведочат за блискиот однос меѓу нив.

Кидман и Рајнштајн претходно биле фотографирани додека разговараат пред хотелската соба на актерката, што дополнително ги потврдува гласините за нивниот однос. Засега не постои официјална потврда за можна романса меѓу нив.