Свет
ЕУ ќе ги објавува сателитските снимки од Оманскиот Залив со доцнење од 24 часа на барање на САД
Европската Унија одлучи сателитските снимки од програмата „Коперник“, кои опфаќаат дел од Оманскиот Залив, да се објавуваат со задоцнување од 24 часа на барање на САД, кои на 7 јули ги обновија воените дејствија против Иран, произлегува од одлуката објавена во Службениот весник на ЕУ.
На 26 мај 2026 година, американските власти побараа од високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Каја Калас да го одложи за едно деноноќие објавувањето на податоците од сателитите „Сентинел-1“ и „Сентинел-2“, кои го покриваат географскиот регион на Оманскиот Залив.
Во одлуката од 13 јули, Советот на ЕУ оцени дека е „неопходно“ да се одложи објавувањето на овие слики „за да се гарантира дека тие нема да бидат искористени од трети земји или недржавни актери на начин што би можел да претставува закана за интересите на Унијата и нејзините земји членки во регионот или за интересите на нивните сојузници“.
Подрачјето опфатено со оваа одлука одговара на делот од Оманскиот Залив каде што САД воведоа поморска блокада за Иран
јули 25, 2026
