Connect with us

Сцена

Британската актерка Кира Најтли ја објави сликовницата „Сè уште те сакам исто“

Британската актерка Кира Најтли ја објави својата прва книга за деца насловена „Сè уште те сакам исто“. Сликовницата е инспирирана од нејзиното искуство со мајчинството.

Приказната е раскажана од детска перспектива и се занимава со големите семејни промени, несигурностите и стравовите што се јавуваат откако во семејството ќе пристигне братче или сестриче.

„Главната хероина тргнува на патување низ волшебни шуми и таинствени мориња. На тоа патување ги следи трагите од пораките на својата мајка и се обидува да го пронајде патот до дома“, стои во синопсисот.

Според Најтли, сликовницата им нуди утеха на децата и ги потсетува дека родителската љубов не се намалува ниту исчезнува. Таа е наменета за заедничко читање со родителите, и разговор за љубовта, промените и чувствата за кои понекогаш е тешко да се зборува.

„Сè уште те сакам исто“, има 80 страници. Наменета е за најмладите читатели и нивните семејства.