Сцена
Латино ѕведата Марк Ентони стана татко осмипат
Марк Ентони и неговата сопруга Надија Фереира го добија нивното второ заедничко дете, ќерката Мајла. Пејачот среќната вест ја сподели преку фотографии со своите обожаватели на „Инстаграм“.
„Колкав благослов е да можеме со вас да го споделиме доаѓањето на нашата драга Мајла. Не можете ни да замислите колкава среќа владее во нашиот дом“, напишаа Ентони и Фереира.
Двојката со објава на „Инстаграм“ во јануари потврди дека го очекуваат своето второ дете, а само два месеци подоцна Фереира го откри полот на бебето.
„Среќна трета годишнина! Каков прекрасен подарок ни подари животот. Бог е голем“, напишаа тогаш покрај фотографија.
Надија Фереира и Марк Ентони се во брак од јануари 2023 година. За Фереира ова е прв брак, а за Ентони е четврта среќа. Пејачот претходно беше оженет со манекенката Шенон де Лима, со која беше во брак од 2014 до 2017 година
јули 23, 2026


