Connect with us

Свет

Во САД повторно се зголеми цената на бензинот

Галон бензин на американските пумпи повторно го надмина прагот од четири долари, соопшти Американската автомобилска асоцијација.

Зголемената цена на бензинот се должи на обновените меѓусебни напади помеѓу САД и Иран.

Од почетокот на војната на Блиски Исток  просечната малопродажна цена на бензинот во САД се зголеми за повеќе од 30 проценти.

Психолошкиот праг од четири долари за галон (3,8 литри) последен пат беше надминат кон крајот на март кога Иран го запре сообраќајот низ Ормуска Теснина. По потпишувањето на Меморандумот за разбирање помеѓу САД и Иран во јуни се намали и цената на бензинот. 

Ad
Ad