Connect with us

Свет

Зеленски: Ги продолжив консултациите за стратегијата за завршување на војната со Русија

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска објави дека ги продолжил консултациите со украинските воени претставници за ситуацијата на фронтот и натамошната стратегија што треба да ја принуди Русија да ја заврши војната под услови прифатливи за Украина. 

„Денес ги продолжив разговорите со искусни украински воени команданти Михаило Драпати, Володимир Горбатјук и Олег Апостол, сите се добро познати во армијата. Разговаравме за ситуацијата на фронтовите, но и за целокупната ситуација во војната“, рече Зеленски во видео обраќање, пренесува Укринформ.

Тој истакна дека сега е важно да се дефинира натамошнаta стратегија и конкретниte чекори што би ја принудиле Русија да ја заврши војната „со праведен мир за Украина и со загарантирана безбедност“.

Ad
Ad