Свет
Два пожари во францускиот департман Горна Корзика се шират, изгореа 400 хектари земја
Два пожари во францускиот департман Горна Корзика се шират денеска кон непристапни подрачја, а досега изгореле повеќе од 400 хектари земја, пренесуваат француските медиуми.
Пожари сè уште има во градовите Албертача и Корте, една недела откако беа предизвикани од удари од гром, а еден пожарникар е повреден, јавува телевизијата БФМ.
Пожарникар од Регионалната администрација на Корзика вчера се здоби со повреда на главата при гасење пожар во Корте, но повредите не се опасни по живот, се наведува во соопштението од префектурата Горна Корзика. Тој е префрлен со хеликоптер во болница во Бастија.
јули 20, 2026

